од (предл.) - кај (прил.)

Којзнае од кај беше дојден: дали од Солун или од подалеку.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не знаеш од кај ќе те удри, вели, и ни притура ракија.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
После малку се среди: Англичаните и Французите пак почнаа редовно да нѐ снабдуваат. А имаше и од кај да се купи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Е па добро, вели Мисајле Станковиќ, од кај знам јас како треба.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Ами од кај дојде, Јоне, му велам јас на мажот, како дозна дека надотекла вода во гумново, му велам, во сонот: - Така дознав, ми вели тој, како што спиев во окопот ми се кажа и дотрчав, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не можеме да се отчипчиме. Тој ме прашува за дома, јас за Америка и, од кај се најде овдека, го прашувам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Сега пак да бегаме, вели Јоше Свирачот. - Кон кај да бегаме, кога не знаеме од кај ќе дојдат, велиме. - В шума, вели некој.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И не знаеш од кај иде така: од невремето или од бога.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сега го знам патот, знам од кај идев.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не знам од кај се најде, никој в село не остана.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Имаше многу Македонци. Од кај нас беше Геро Ѓенески, Неделко Сивески, Гоше Љубин, од Мренога имаше еден, Ѓоре Јолески, па Стојан од Сапотница, Ристе и Миленко беа од Жван, Стојко од Жашле, Бошко од Суво Грло, Наќе од Церово, Исијан од Брждани, а имаше и од Црско, од Брезово, од Облаково, од Црнеец, од кај немаше...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Од кај идиш, море Неделко, го прашувам, од кај идиш и кај одиш?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Од кај дојде ти овдека, ѝ велам, што бараш овдека? 87
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Од кај излезе, Витомире, му велам, од кај се најде овдека?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Од кај најде толку страв, господе, да сметнеш на земјата?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Што да се прави сега: од кај да покажеш глава, куршум те пречекува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Од кај падна каменов, мајката? Да не фрла и господ со камења.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Куршумот не прашува кој си, што си, од кај си. Гранатата - ич.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Можам нешто да те прашам, вели. - Прашај, му велам. - Од кај си, ми вели. - Да не сакаш и крштеница, му велам, да не сакаш ти да ме сослушуваш?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Е не знам, Јоне, од кај да знам, му велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- И чиј беше куршумот што го уби брат ти? Од кај знаеш дали не беше твој?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Што е, ова, мајко, си мислиме, од кај се донесе ова железо и како се донесе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Меѓу мртвите ги гледам и децата. Од кај дојдоа сега тие, меѓу војниците?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Есента беше длабоко навлезена, сонцето веќе заслабнато, западнато. Немаше ни од кај да угрее, ни што да угрее.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Русокос, со сини очи и белоблед, сличен на овдешниот поет Фахри Каја, не толку слаб колку тесноколк, да поверуваш дека дошол од некоја земја на северните народи или дека коренот му лежи негде зад Карпатите, го напушти градов пред петанесетина години и отиде таму од кај што дошол, според неговата увереност, некој негов подалечен дедо, бег, воин или патник кој се оддомил во непозната и покорена земја и оставил потомци.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Заштитени сме само од дожд, а ветерот од кај сака може да влезе, пишувам во белешката.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
„Ќе ве поведам. Од кај знаете дека е некој ранет?“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Откога го доказа сето сторение негово, Силјан им се молил за и тие да му кажат од кај го познаваат и од кај го виделе, што му ги кажувале грешките како со очи да му ги гледале.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Вие еве сте знаеле и по бугарски и сте го знаеле дури и името мое, рекол Силјан; ви се молам, стриколе, од кај ме познавате мене што ми рековте на име?
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– „Лели те довеал ветрот у нашава земја, кај што човек не дошол досега, му рекол, ќе ти кажам од кај те познавам, чунки си имал касмет да се видиш со мене и гостин ќе ми бидеш у мене.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– „Море, од кај те познаваа, бре Силјане, што те честија,“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Е арно не се како нас, ами од кај ме познаваат мало големо во куќава шо се?“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– „Од кај ќе знаат овие луѓе, си рекол Силјан сам со себе, по мојот јазик, за да им речам добровечер“.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ви се молам, стричеле ако не ми кажеш од кај ме знаеш?“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Толку е тивко и глуво што осеќам како се помрднува воздухот: од кај ме полазува, каде ме подгазува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не знае човек како да се опули, од кај ќе му помине стравот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе одам така и ќе наслушувам од кај ми иде плачењето негово.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од кај идат оние гласови, ќе прашам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сега наслушувам од кај идат пушките, потерата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не видоа ни кој сме, ни од кај им дојде смртта.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ама, дека смрделе, ич од кај си.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од кај му го донесовте здравјето, госпоѓо, толку здравје нема и кај бога.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од кај им идеше толку глас, господе, кај го собираа?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од кај дознаа што сте сонувале?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од кај си, што си, ништо да не знам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Оти сум чула кај вели: само еднаш да поминам по Црвениот плоштад и после од кај сакаат нека ми ја извадат душата. Толку пребргнат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од кај да знам, велам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Болничарите не знаат од кај да им дадат јадење.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не знам за сигурно од кај ќе дојде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Веќе не знам од кај сум и каде?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Зедовме, велам, од кај знаете?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Цело време сестрите се над мене, а јас не знам од кај да почнам да го чистам и да го сакам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од кај знаете што јадат?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од кај знаеш дека сум била, вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Ами, од кај се најде ти овдека, ми вели тој.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кај ми плаче Иван, си велам, од кај ми иде гласот на детето, се прашувам, и одам со сликата в раце.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Небо веќе нема, не знаеш од кај почнува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Веќе не знаеш од кај ти е понаблиску смртта.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од кај наизлегоа олку змии, си мислам, една турни, а десет се качуваат и те гнасат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Може сѐ да рече, а ништо да не мисли, вели жената, од кај знаеш што ќе ти дојде на уста тогаш?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Так как нибуд70, велам, од кај знаете?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Секаде е стакло, што се вели, не знаеш од кај да поминеш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ме прашуваат од кај сум, ми кажуваат од кај се. Ја Немецкиј, ја Немецкиј!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од кај помина, ќе прашам, одовде, ќе ми кажат, и јас ќе клекнам да го распретувам снегот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од кај се најде овдека, Филипе, му велам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)