од (предл.) - друго (прил.)

Дали од страв, дали од срам или од друго што не го знам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Бидувало ли: сѐ да се одвои едно од друго... само на средина нештото да се збие... сраснато со соништата од стрелите на времето?
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Се погледнаа барајќи помош едно од друго и, кога се свртеа, видоа дека имале од што да се исплашат...
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Дали од тифусот или од друго, не е моментот да го прашам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)