Уште го држеше високиот морал од почестите што му беа укажани од француските доброволни шпански борци.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Покрај заемките од латинско потекло, Татко не ги изостави и покрактеристичните зборови преминати во балканските јазици преку турскиот јазик од францускиот и од италијанскиот јазик.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Но, тогаш се појавува и Барес, па отпорот на ампутацијата на еден дел од француската територија се организира околу поимот на францускиот гениј.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Шишането е турска пушка со кремен, берданката е со англиско потекло, има еден фишек и мартинката е исто така со фишек, но од француско потекло.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Таа била откачена, а потоа пришрафена од француска авијатичарска единица за воздушен транспорт на тераси и нивно прикачување таму каде што никој не ги користи, директно од Париз... (Безвезни списанија!!)
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Самиот често правеше фотографии со еден НИКОН направен во осумдесет и некоја од минатиот век кој го имаше добиено како подарок од францускиот амбасадор.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Обично кога патував, а не возев самиот понесував по некоја книга која во тој период ги пленеше моите мисли.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Бургиба беше оставен во залезните години на животот во родниот Монастир, во својата летна резиденција, недалеку од величествениот мавзолеј, во кого веќе почиваа родителите, неговата прва сопруга Матилда од француско потекло.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Ја имав со себе малата книга, есејот Историја и утопија од францускиот филозоф и есеист од романско потекло Емил Сјоран (Histoire et outopie, Gallimard, 1960).
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Бездруго Бургиба се замислуваше во улогата на волкот, сведочејќи за трагизмот на животот, но и во улогата на волчицата која, според некои интерпретации, се претставуваше заштитничката на Рим...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Крај на империите Сведоци сме на крајот на империите, но не само на крајот на советската туку и на американската империја, а без сомневање исчезнува и последниот остаток од француското колонијално царство, а со него и структурите создадени во Африка.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Не можеше да се разбере како ова пресадена идеја од Француската и од Октомвриската револуција на Балканот доживуваше дегенерирани форми земајќи големи жртви.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Многу години подоцна, во основното училиште, кога прв пат го учев францускиот јазик, Мајка ни го откри знаењето на овој јазик, кога требаше да направиме некој мал состав на француски јазик или да одговориме на прашањата од француската граматика.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
А може да не ги остави еден од француските доктури.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)