од (предл.) - туѓ (прид.)

Оваа дијагноза, во јули 2007 и повторно во март 2008, му беше констатирана и со конзилијарно мислење на очни лека- ри-специјалисти од Клиниката за очни болести во Скопје (д-р С. Теодоров, д-р С. Ѓурчинова и прим. д-р Љ. Величкова) – кадешто болнички се лекуваше околу две недели, по што му беше утвр- ден статус на инвалидно лице, поточно „лице со оштетен вид“ со ограничена и битно намалена општа работна способност.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По ова следуваше и редовен амбулантски третман во оваа клиника за офталмологија, а во октомври 2007 со стручен наод и мислење бр. 159-07 на лекарски тим од ЈЗУ Психијатриска клиника (доц. д-р В. Вујовиќ и м-р М. Наумова) – како резултат на чувството на инфериорност и инвалидизираност – беше укажано и на неопходната потреба од туѓа нега на пациентот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
И кој е тој? – Дојденик од туѓа непријателска земја, згора на тоа и емигрант! Тој ќе ни кажува! Емигрант!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Заработуваа од туѓиот труд. Продаваа книга со туѓи мисли.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Сите што себеси се претставуваа како елита и кои профитираа од туѓа мака беа неговата мета.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Гладот, немаштијата, ограбената земја од туѓи и домашни сајбии како остен ги дупеа и ги гонеа во туѓина...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Од туѓите соништа градам чудни гробници секој бел камен зглавје е на мртов сон.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Засадувајќи го семето на македонскиот национален идентитет, со децении навредуван, унижуван, дразнет, од туѓи слуги и послушници разни, без да го реализира на литературен план родниот македонски јазик, умира на прагот од новата македонска ера, но остава зад себе ученици, неверојатни лица, Македонската револуционерна организација цела, Крсте Петков Мисирков, како негови неверојатни дела...
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Гласот сѐ потих ми е, уморен од себеразорување, себеповторување, од туѓите порази кои во торба ги носам.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
„Не си деклариран, разбираш? Толку ли ти е тешко да се декларираш? Па еве и Земанек...“, рече без да заврши, без да ме погледне во очи, онака свртена со грб и јас гледав како полека ја ведне главата и дека плаче; ребрата ѝ се ширеа и спуштаа како кај кораб неосвоен од туѓ морнар.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
О, оче Стефане! Ти што се возгордеа со грозд букви скинати од туѓ винород, од виноград туѓ!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ѝ го гледав грбот; гледав како дише, гледав како ѝ се поткреваат градите, одзади гледав како ѝ се шират ребрата на градниот кош („како на кораб дотогаш неосвоен од туѓ морнар“, напишав во една песна); гледав дека е сосема свесна дека ја гледам и дека прави милијарда мали и непотребни движења кои ме излудуваа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Да јадеш крадени отпадоци од туѓи софри и да се гордееш со тоа: смешно и тажно.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Луди, безумни и неразумни времиња и во нив и луѓе кои од туѓата болка си направија широка и мека постела распослана врз тој тежок и ужасно болен, страшен и уништувачки удар што нѐ раздроби, откорна и разнебити...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Од таа борба тој ќе излезе победник, уште повеќе што реформите во Македонија ќе ѝ дадат нејзе можност да се ослободи од туѓите влијанија и да го пренесе центарот на преродбата внатре во неа. *Прочитано на 3 седница на петроградското Македонско научно-литературно другарство „Свети Климент“ на 19 октомври 1903 г.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако се допушти за верна таа теорија, ќе биде јасно оти еден народ не секогаш може да устои против притисокот од туѓи соседни народи, а губи еден свој дел во корист на посилниот сосед, и друго, од неа се гледа оти народите можат да се состават од два блиски народа, слеани во едно, како последица на историска неопходност.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
На источнобугарското наречје сега се гледа како на најтипично и најчисто од туѓо влијание бугарско наречје.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
54. За таа борба меѓу христијани ние ја симнуваме од себе одговорноста на Грците и Патријаршијата, бидејќи ние во тој случај не напаѓаме, ами се браниме од туѓи напади.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Меѓутоа, кога се вратил пред еден Бадник со торба лири и со загноена рана на левата рака од туѓа сабја, по селата со восхит се шепотело дека бил ајдутин и одмаздник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Умрел ли туѓинецот во тој Онисифор Мечкојад, испарило ли од неговата крв сеништето со дамари на неспокојство и поттикнувач на бес и самоволност? Не, можеби тој нешто смислувал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Инаку зошто станал костреш без силни и игличести перки тој светец на опакоста и кобата што пуштал крв од туѓи жили, што колел туѓи волиња, што ловел малоумници за да бидат обесени?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога бил млад, отишол во туѓа земја да печали пари.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Авторот „Долу по полено, по врабацине, до срцево Сѐ е така и ноќ и нож в плеќи забиен Не ме уплашија векови со нож од туѓа рака Ме плаши час од рака своја в плеќи“.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Мирис од лаванда се разлеваше, раскошна сласт и медовина Слепо го протнав клучот низ вклештена клучалка недопрена, незабележана од туѓи погледи...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
А снимателот ќе монтира ора од туѓи свадби зашто никој не игра, нема материјал. Никој не игра, сите пушат.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ама Маса Кулумоска се разбираше и од баење, кушање, да му црцне млеко од туѓа жена, под корен да провира и други маривети знаеше.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ликсур, разбираш ли?“ „Разбирам. И пак не ме засега. Не сум падар да бркам јарец од туѓи ливади.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Во очај, по безуспешното лекување на оџите и бајачките, кришум, по првиот мрак, бил повикан еднаш и попот Вртипоп, поточно бил извлечен пијан од туѓа плевна од двајца слуги на бегот кои сепак можеле да видат во сувата слама две недоволно сокриени женски нозе.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Го сведуваш на минимум влијанието од туѓите светови.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Што претставува ова? Тоа е концизна сублимација на знаењето и праксата, не само од сопствените, туку и од туѓите видувања.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Секој обид за чистење на јазикот од семиотичките траги на Другиот во јазичната супстанција, води кон крвопролевање: Во еден од заклучоците на Татко и Камилски, беше забележано дека во историјата на народите, на балканските посебно, според кои и настана поимот на балканизацијата, по етничките чистења на народите, обично следеле и чистења на јазиците од туѓите заемки, а понекогаш редоследот бил и обратен...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се повикуваат, во одбрана на оваа космополитска теза и врвни авторитети, како Гијом Аполинер, кој бил цврст во ставот дека не може да прифати ваква војна против францускиот јазик која започна во Германија, зашто истото би можеле да го направат Французите во Франција, да се ослободат од германските зборови, потоа Англичаните, па Шпанците.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко стравуваше дека фанатизмот на чистењето на јазиците, насилното ослободување од туѓите зборови во јазиците, еден ден би можело да се префрли и на етничкото чистење на народите, стравуваше тоа да не се случи на Балканот и да дојде до невидени братоубиствени и истребувачки војни.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Од удобен сонувач да не се претворам во дремлив кодош Кој нема што да прави та слуша туѓи муабети Поточно ми беше непријатно од туѓите муабети
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Се тресеше, корените му беа жилави и го држеа исправен и страшен, безумен од туѓиот отпор.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Здолништето, она што не ѝ досегаше на Катерина ниту до колената и од кое добар дел од нејзините нозе остануваше незгрижен од туѓите погледи, особено кога ќе седнеше, го немаше виснато на ниту еден од потпирачите на столовите ниту пак на кваките од прозорците.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
При секој залез - излез од стварноста заоѓање зад хоризонтот во безмерната зона од слова задум и ум-ооо-творби по жестокото удирање на главата од сводот, од ѕидот од туѓиот свет.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Во песната на Абориџините се наоѓа и по некоја височинка на срцето, се наоѓа и бистрина на окото, се наоѓа и по некоја птица искубан опаш како колва трошки од туѓи соништа.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Што подалеку од туѓите очи, толку подобро.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
На 13 јануари 1948 година, се одржа Првиот конгрес на НОФ, на кој се донесоа решенија македонскиот народ да ги стави на располагање сите свои сили во заедничката борба со грчкиот народ за ослободување на земјата од туѓите окупатори — англоамериканците и нивните домашни органи, за демократија и национална рамноправност, за братство и единство.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На погрешно си ги врзал зборовите и како од туѓа уста си ги слушаш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)