Сега членовите од Тројниот сојуз имаат одделни спогодби по меѓународните прашања, работат заедно по нив и ги парализираат сите каприци на малите држави, кои со тие каприци сакаат да ја изменат политичката рамнотежа во нивна полза.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Татко најмногу стравуваше сталинизмот да не се всели и најдолго да не остане во душата на неговиот албански народ, па троверен каков што беше, католички, православен и муслимански, можеше да страда и од тројна болка, ако му се наметнеше новото јаничарско-сталинистичко преобраќање. Бог да чува од полошо!
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)