од (предл.) - тврд (прид.)

Душата твоја во тој миг мека стана како преѓа во која се сопре отровната стрела, се успокои, оти стрелите на зависта ништо не му можат на мекото, кое ги умртвува, а од тврдите, камени ѕидови на суетата се одбиваат како од тврдина, но во нив оставаат дупки.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Од силниот писок и острата и тажна мелодија сите во одајата занемеа, се замајаа и просто се изгубија, а во таа нема тишина сите прозорци распрскаа од тврди предмети однадвор.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Редуктивно извлекување од себе сѐ што е скриено во ходниците на потсвеста, подвижни слики кои се премногу ранливи и приватни, проживеани, срамежливи приказни, соголување на душата од тврдиот кожурец на времето, ослободување од напнатоста и драмите кои сами ги создаваме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Потоа појде кон реката. Со навиката од езеро, првин цапна неколкупати покрај брегот и си ги иструга петиците од тврдите крајбрежни камења.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)