А Марин Крусиќ? И Марина Крусиќ го виде рибарот токму вака: како од брегот, час-два откога заврши третата попладневна муслиманска молитва, го спушта погледот од тапа тага врз него во чунот, меѓу петнаесеттината чунови што се подготвуваа со мрежите да завеслаат на езеро.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Салото под елекот закитен со тежок сребрен синџир му се бранувало од задоволство додека ја гледал толпата обземена од тапа љубопитност, пред секакво чудо и сите што му биле и што ветувале дека ќе му станат купувачи на басма, шајак и јамболии можеле да се восхитуваат и да му се чудат - коњот пиел вино од поило и по команда се исправил на задните нозе.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)