За нас дури беше поопасно испраќањето на писмото отколку евентуалното испраќање на каталогот од стоковната куќа Ла Ринашенте.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Затоа завлегов во „Барбес“, со метро, и излегов пред „Тати“, во една од стоковните куќи каде што пак се продава многу евтино.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Еден ден, на еден од постарите браќа му блесна идејата, кришум од родителите, да побараме, со писмо, од стоковната куќа Ла Ринашенте, во Рим, да ни се испрати каталог за Мајка.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Мајка, на излегување од стоковната куќа, како подарок, го добила годишниот каталог на Ла Ринашенте, главно за пролетната мода на 1939 година.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)