Попот, човек со светечка брада и апашки очи намалени од вино и од секакви тајни на младоста, веднаш ѝ се приклучил на некоја партизанска бригада што по дембелското лето на есенската благост се готвела со уште некои единици да влезе во битките за Скопје.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Испуканите ѕидови и земјениот под на напуштената крчма ќе беа дел на затвор од старовремски прикаски за некој дрпниќесе или востаник ако празните прозорци ги замрежуваше железо.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Штабот на бригадата најпрвин гледал без разбирање во човекот под мантија како во чудо дојдено од старовремски атари.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)