Жената, меѓутоа, клекнува пред еден трупец, ако не за колење петли барем за цепење дрва, па прво со ножот ја распорува кратко по мевот и ја чисти од сиромашната внатрешност, па потоа со рендето ѝ ги струже перките што летаат наоколу како искри од белутрак. Така, една по друга, сите рипки како изглодани кочанки пченка, сега мирни под мишка.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
И како по вакви бисери да поверуваш во секојдневието што ти се нуди, кога знаеш дека за твојата безбедност се грижи неспособниот инспектор Брок, дека твојот град го водат тројцата корумпирани свињолики одборници, дека твојата светла иднина ја одредува Министерството за истражување руди и губење време, а дека вистинското мерило на твојот транзиционен свет е пијаницата Суперхик, кој краде од сиромашните за да им даде на богатите?
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Денес, меѓутоа, во планетарни размери може да се согледа дека богатите се ослободуваат од сиромашните.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)