И така, над Нешка се тресеа во училиштето, покрај даскалот Бина, уште тројца браќа: едниот роден, а двата повеќе од родени.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
А кога дома ни идеа емигранти од родниот крај, пред неизвесниот пат кон Америка, кон Австралија или кон поблиската Турција, седнати на чардакот, како на последната станица од егзилот, Татко си имаше обичај, со нив, да ја пее тоскиската полифона песна во која се зборуваше за патот на семејството од Морето кон Езерото, за силните војни, кога се делеше семејството.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Во Перт има еден Преспанец кој како и сите добри домаќини си направил куќа чардаклија за од чардак севезден да ги пули ѕвездите како низ трепети му испраќаат ишарети од родниот крај што само тој ги разбира.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Да избегаш од родниот крај и да се населиш у град во кој владеат педери, курви, арамии, ѓубраџии, перачи на шофершајбни, накази и разноразни сисајкури сигурно има дубока фројдовска причина.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Имаше само неколку генерални настани од животот на Татко, кои не беа ставени под неговото необично ембарго: причините ненадејно да замине од родниот Подградец крај Охридското Езеро во Цариград, преку Солун по морски пат до Измир, неговите студии првин по шеријатско, а потоа по модерно право и исламска филозофија, враќањето во Поградец по завршените студии со факултетската диплома и лиценцата за адвокатура, работата како судија и адвокат во монархиска Албанија, напуштањето на Поградец во 1941 години бегајќи од фашизмот од својата окупирана земја, емигрирањето во Македонија и потоа приемот на југословенското државјанство, работата во еден од скопските повоени судови, работата во Националниот институт во Скопје, откривањето на битолските кадиски сиџили (ХVI-ХIХ век) и работата врз нивното средување и преведување до пензионирањето.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Не можејќи да најде, му идеше помислата да се врати најпосле дома в село, да заврши со овој скитнички живот што го започнаа со Којо Пипилето, работејќи најпрво како ѕидарски работници во родното село, па и во соседниот град, па во други градови, оддалечувајќи се сѐ повеќе од родното место, како реки што одат во спротивен правец.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Беше време кога во градот крај реката идеа абери од родниот град крај езерото за интернација на блиски, за затворање на овој или оној од семејството без никаква вина.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Еднаш откорнати од родната грутка како да не беше битно каде нѐ води ова вовче на судбината, на која станица ќе запре, кој ќе биде последниот свртничар: дали богот на случајноста, кој најмногу влијаеше во неизвесното одвивање на судбината на нашето семејство или некоја друга сила?
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Таа не забораваше да ми каже, на оддалечување од родниот град јас наместо Поградец сум велел: „Одиме во Адеп, одиме во Адеп!“
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Ми ти помина Дедо Мраз три зелени реки и три снежни гори, далеку, далеку од родниот дом.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Од раскажувања знам кои беа тука, каква им беше живеачката, та затоа од возбуда ми треперат колената и полека, небаре се пробивам низ некоја голема мрачна сенка, пред очи ми се јавува сеништето на болните спомени што како наследство ми ги оставија моите родители и многу други кои во Перењас ги поминаа најтешките времиња по своето искоренување од родното место.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Реката секогаш повикуваше некаде, да продолжиме со селидбата, кон непознатите предели, кон морето, кога веќе еднаш сме се откорнале од родната земја.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Ќе почне од трубите и од бунарот, ќе помине преку петшест среќни и несреќни судбини а нема да заборави да го спомене и војводата Каменчо, од турско, оној што не дошол да ги одбрани од срџбата на зулумќарот Ибраим кој ги прогнал од родното огниште горе на Плачковица.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Се бегаше, само се бегаше, од своите, од себе си, се бегаше без оглед каде ќе се стигнеше, само да се избега од родната земја…
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Мајка го оправдуваше заминувањето, оддалечувањето од родната земја само ако тоа беше со Божјиот повик за да се сподели својата внатрешна болка и сопственото страдање со она на најсиромашните.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
И не случајно, во овој чудесен предел крај реката, каде што си свивме ново гнездо, во очекување на новите историски настани, особено по Втората светска војна чиј крај се навестуваше, Татко се задлабочи во проучувањето на миграторните процеси на птиците и на јагулите запаѓајќи во нова илузија во која Мајка гледаше пориви за оддалечување од родната земја, а не враќање во неа, како што се надеваше постојано.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Првин, таа се откорнуваше од своето семејство, од родното гратче Лесковик, на самата грчко-албанска граница, востановена по падот на Отоманската Империја, за да си го продолжи животот во Татковото патријархално семејство во Поградец, во периодот на монархиска Албанија, на брегот од Охридското Езеро, за потоа да ја следи егзилската судбина на Татко напуштајќи го засекогаш родното огниште и завршувајќи го животот, првин, во сталинистичка, па во Титова Југославија, во Скопје, главниот град на Народна Република Македонија.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Но сега, бидејќи предвреме си заминуваше од родната земја, ѝ беше променет третманот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)