Чанга го имаше на ум татковото кажување дека сите империи на Балканот, од римската, преку византиската и отоманската, се одржале со векови на власт само со неколку основни итрини, вешто возобновувани: „Првин раздели, па владеј!
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Во медитеранскиот простор луѓето од различни религии (милостиво прифатени, во поголем дел, од римскиот пантеон) почнале да сонуваат за објавата примена во зората на човечката историја.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Таму, како змиска кожа, беше падната сета правна наука на светот, од римското право до постмодерната демократија; и ослободениот студент по право на прва година не знаеше што да прави не само со своите права туку и со своите прсти, освен да ги меси мрвките леб во сè побезоблични облици.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Ги стокмив скалилата и ги уредив со камени плочи, толку ефектно и мајсторски што, откога камењата ќе фатат патина, со некого ќе можам да се пошегувам дека се од римско време, поминал божем Хадријан тука и ги изградил со својата инженерија.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)