Главниот став на оваа Витгенштајнова теорија е дека мора да постои некаква врска меѓу логичката структура на некој даден јазик и логичката структура на некој факт од реалниот свет на кој се однесува исказот на тој јазик.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
ХЕРЦОГ: Стравот е независен од реалната опасност.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Македонија е школски пример за фантастика
- за премин од едно на друго рамниште
на раскажување;
- за премин од реалниот во измислениот свет
- за губење на границите.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Уште повеќе го болат оние општи расправања во шаховскиот печат, во кои не се споменува ниедно име, но се зборува на пример за тоа дека титулата на шаховски мајстор не треба да се дава доживотно, ами мора во одреден размак да се потврдува, зависно од реалните успеси во турнирски среќавања, зашто - се забележува - има и такви мајстори за кои добивањето на таа титула го означува и крајот на нивниот развиток.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Од реалните, секој од нас има по најмалку три: Патоказите, кои ако не ги следите можат да водат во погрешна насока. Здодевноста. И ние самите.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)