Тој фати еден од преостанатите Винстонови заби меѓу моќниот палец и показалец.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
На воденичарската заедница во Кукулино ѝ преостанало или да ја наведне главата пред зулумот или со тврдоглавост да зачекори кон нови страдања: најумниот или најисплашениот од преостанатите мажи се откажал од воденичарскиот занает, најтврдоглавиот го потерале сувариите до најблиската река и го распнале на гнил чарк за наводнување на недалечните ниви, цел еден ден да се врти под надгледување на двојна стража, со секој миг пред неговите очи да се сменуваат матното небо и разбранетата земја.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Неколку момчаци, синовите на покојните Онисифор Мечкојад, Никифор Ганевски и Каменчо Скитник, биле врзани за дрво и јавно тепани со камшици.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Презимињата се наведени според абецедниот ред онака како што стојат во Именикот и претставуваат избор од преостанатите деветнаесет милиони имиња. The falls Интересирањето за можностите една филмска енциклопедија да им биде соперник на Каталозите на целиот свет (Whole Earth Catalogues) од раните седумдесети години и уживањето во составувањето списоци поради нив самите, беа идеи што им претходеа на разни проекти обединети во филмот “The falls”.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)