Не е поголема вистина тоа што, во физиката, големите тела потешко се придвижуваат од помалите и што нивниот momentum7 е пропорционален на таа тешкотија, од вистината дека, во метафизиката, умовите со поголеми можности макар што се посилни, постабилни и повлијателни во своето дејствување од умовите со понизок ранг – сепак потешко се сподвижуваат, збркани и полни со колебање во првите неколку чекори од своето придвижување.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Пребивање 259 не настанува штом ќе се стекнат условите за тоа, туку е потребно едната страна да ѝ изјави на другата дека врши пребивање.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
2. Должникот може да го пребие побарувањето што го има спрема својот доверител со она што овој го побарува од него, ако двете побарувања гласат на пари или други заменливи предмети од ист род и ист квалитет и ако двете се стасани (чл. 325, ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
УЈ ТОА Е еден од помалите градови во Белгиска Валонија, на обата брега на Меза, која овде е плодна и е таква сè до својот влив во Северно Море.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Фала богу мојот трактор е од помалите, марка Тома Винковиќ, со мала, тесна приколка.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Набрзо во 1834 година, кога се распадна военоспахискиот поредок во империјата, и по 1839-та кога со Џалханскиот Хатишериф беше гарантирана личната безбедност, имотот и вероисповедта, а со тоа создадени и можности за преселување на луѓето од едно место во друго, од селата во градовите и од помалите градови во поголемите, во Потковицата се случија некои промени кои, подоцна, имаа големо влијание врз севкупниот живот во неа.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ако сторената штета е од помала вредност, а сторителот одел кон тоа да прибави таква вредност, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година [и тука гонењето се презема по приватна тужба].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Правилата кои управуваат со растот на растението ги пренесуваат особините од помалите на поголемите размери.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)