Уште при будењето го здогледував нејзиниот лик, потоа неколку часа одеше да ги риба подовите кај некои од побогатите семејства, а откако ќе се вратеше остануваше крај мене, и само на кратко се оддалечуваше од мојата постела, за да го потсреди домот или да зготви нешто.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ибн Пајко беше од побогатите првенци рисјани, стана и аза во шеријатот, канонот го знаеше, еснафот го сакаше, рајата и чаршијата го почитуваа, ама Мехмед паша, кој веќе имаше седумнаесет деца, ако се земе и последното кое од најмладата анамка за ден-два ќе видеше свет, го насетуваше кај ибн Пајко само копнежот по свој пород, а сето друго никако не можеше докрај да го разбере.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)