Вратениот дипломат, доколку имал успешна мисија, станува незаменлив експерт за земјата кај што служел, регионот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Турскиот амбасадор во Тунис, Муарем Тунчер, иако навлезен длабоко во деветтата деценија од животот, денес патувачки амбасадор, ми раскажуваше, на времето во Тунис дека постоел обичај наследен уште од Отоманската империја, министерот за надворешни работи да ги повикува еднаш месечно сите поранешни амбасадори на ручек, за да се искажат за надворешната политика на земјата, од позицијата и искуството во земјата во која служеле амбасадорите, а кое сѐ уште можело да биде делотворно за интересите на земјата.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Новата комунистичка правда, во тогаш најкомпромитираната сталинистичка варијанта, не беше многу далеку од отоманскиот принцип: кадија те тужи, кадија те суди.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Се претпоставуваше дека огледалото потекнувало од некој дамнешен паша од отоманското време, кој можел да биде и далечен предок на Мајка.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)