Нервозата со еден збор произлегуваше од општото сознание што лебдеше во свадбено декорираната синагога во Данциг, дека младоженците безостатно треба да си заминат некаде на друго место.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Првата и третата измена и дополнување содржат промени само во делот на казнените одредби кои се 1. Закон за инспекцијата на трудот, Сл. весник на РМ, 35/97. 2. Закон за инспекцијата на трудот, Сл. весник на СРМ, 31/85. 3. Закони за изменување и дополнување на Законот за инспекција на трудот, Сл. весник на СРМ, 23/90, 17/ 91 и Сл. весник на РМ, 32/93. 140 предвидени при прекршување на одредбите од овој закон, додека со втората дојде до укинување на општинските органи на инспекцијата на трудот (чл. 2, ЗИДЗИТ/91) и до бришење на одредбата според која „работите на инспекцискиот надзор се работи од општ интерес за Републиката“ (чл. 3).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Беше избришан законскиот текст кој предвидуваше дека „помирувачот е должен да биде неутрален и непристрасен во текот на преговорите“ како непотребен!? (чл. 19 од ЗИДЗМРРС/14); б) во случај на штрајк или спор во дејностите од општ интерес и во кои прекинот на работата би можел да го загрози животот или здравјето на луѓето или да нанесе штета од поголеми размери, се утврди построга формулација која пропиша дека „страните во спорот се должни веднаш да пристапат кон мирно решавање на колективниот спор“, а предлогот за помирување треба да биде поднесен наредниот ден од денот на настанувањето на спорот.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Веќе во јули истата година, со првата измена на овој закон, предвидено е најниската нето плата под која не може да се исплатува да се утврдува со Општиот колективен договор на Република Македонија, а доколку правното лице кое што врши исплата утврди пониска нето плата од таа утврдена со Општиот колективен договор и зголемена за 50%, тогаш исплатува плата во висина на најниската плата утврдена во член 59 од Општиот колективен договор и зголемена за 50% (чл. 4, ЗИДЗИПДНДР/јули.92).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)