Откако ручаа, Трајанка, единственото девојче што веќе неколку години другаруваше со нив и во ништо не беше подолу од ниедно од децата, го изваде од торбата шишето што утрината случајно го понесе.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Не може човек од ниедна страна да се доближи до Калето! – рече брзо постариот брат.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Неподносливото тропкање на пинг-понг топчето (сега веќе убедена дека тој звук доаѓа токму од тој предмет и од ниеден друг), продолжуваше, а јас станував сѐ почувствителна на неговата дразба.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)