Ова беше нешто што ги надминуваше очекувањата на Едо и се потруди да скрие дека е вчудовиден од необичната изјава со која таа без колебање декларираше скоро натприродна моќ.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Овој чуден изблик на недоразбирања следени од необичното однесување на Јана наеднаш го прекина гласот на Самоников.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Така и со Соколета тој си го држеше овој начин, што сега несомнено
олеснува да му пристапи: тој нема на сето да погледа така сериозно како што би сторил некој друг, изненадувајќи се можеби непријатно од необичната исповест, а и Соколе, барем во првиот момент, ќе може да ја претстави работата малку како на шега, како да е тоа некаква негова мимолетна бубица, а не длабока тревога.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
А луѓето, сите со трепет, замаени беа од необичната драма.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Доаѓаше низ некоја мрежеста темнина од која најнапред се појавија неговите кафејаво земјени прсти со многу кал под ноктите.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)