од (предл.) - невидлив (прид.)

Од прапочетокот, од првиот разлог, од сѐ што создал тој, од видливото и од невидливото.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Таа втора акција (палењето на паробродот) ги натера да затреперат сите: Турци, Евреи, Грци, Европејци103 - сите беа поразени од невидливата рака што висеше над градот и му се закануваше да го запали од сите страни...
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Од невидливиот челик, со секое движење на човекот, крцкаше четвртото ребро.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Од тоа првин почнаа сосема тивко да му потреперуваат мускулите на натколениците, за потоа тој трепет да почне да се всадува во неговите дамари и, па колку и да си го криеш и од себе си тоа, ова старче Језекил, сепак, она секогаш испливуваше во бледилото на неговото лице, при секој опорит и скочанет чекор, при секое движење, врзано од невидливите јамкишта и јазли на страот, кои го обраснуваа, обраснуваа и така прежилуваа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Застанал - каде потаму? Тревата ја шушкала својата икиндија.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ѕвездите биле скреж запрен на својот пат од невидлива мрежа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Неговата глава како да се обиде да се тргне од невидливиот кол.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Орлишта утрово претскажуваа“, со мака реков. „Можеби го убиле и го оставиле.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
По залезите, по последната дневна тага искажана со писок на бездомна животинка што се засолнувала меѓу лисја на гранки пред рано измитарена лисица, месечината, скаменет цвет над камен, никнувала од темниот раб на многугрблестите ридишта, поточно од самиот крај на светот: жугнувајќи од невидлива фиданка кон спокојството на височините, кон тајните на сите човечки надежи, побелувала и станувала спрложена, била лик на потаен покосник со нејасна, размачкана насмевка и изгледала дека претскажува нови неволи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Малку потстана, зеде една убава четириаголна кутија од сите страни побисерена, а во средината со испакнатата слика на џамијата во Источен Ерусалим, со по два бисерни цвета од левата и десната страна.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Со тивок, пријателски глас, пригушен од невидливите солзи ми рече: - Оваа кутија е изработена од палестинските мајки со симболот на нашата Палестина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Желбите, честитките, специјалните пораки, не смеат да не дојдат до оние на кои им се испорачувани, пред да се излеат од животворните сокови и благослови на волшебникот од невидливиот остров што плови.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Цупкаше од една нога на друга, облечена во црвени тренерки.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ѓорѓија молкум седнуваше да јаде на правоаголната маса, покриена со омразениот чаршаф кој старицата го обожаваше, чуван со години; таа седнуваше спроти него, го галеше чаршафот со едната рака, како да го чисти од невидливи трошки, го набљудуваше син ѝ и му забележуваше: - Зошто не јадеш од црниот леб?
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Меѓу два залака варена пченка тренираме продолжен запир на здивот и дури утре ќе забележиме дека сме испокасани од невидливи мушички.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Го поведе во својот дом, веднаш поминаа во лабораторијата - работилница, во која Игор Лозински ја создаваше својата единствена музејска колекција на највидните претставници на флората и фауната на Езерото, почнувајќи од невидливите микроорганизми па сѐ до препарираните птици, риби и цицачи кои живееја во Езерото и околу него.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Меѓутоа, тука беа Татковите книги, од кои сѐ уште се ослободуваше некаква светлина, некаква надеж, да се истрајува додека тие се прелистуваа од невидливите раце на судбината.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)