На „балканското проклетство” така, од книга до книга, му спротивставува световен рај на толеранција, сличен на зелениот рај на детската љубов опеана од Шарл Бодлер: златно доба на несигурна конзистентност, парада на сити деца и разиграни животни, каде што семејствата се збратимуваат (покрај разликите во јазиците и религиите, етничките кланови и политичките догми), некаде помеѓу песните и извиците, некако субверзивно солидарни, како што се оние предизвикани од митскиот Чанга: „Да живее козата на комшијата!“
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Со неколку благи линии, Бојс доловува експлозивни пејсажи, сцени од распнување, гробови, черепи, како и групи животни со митски асоцијации.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Тука е и еден збир од митски женски фигури: Амазонки, Нимфи, сибили, шаманки, свештенички и неколку креатури пола жени - пола животни. често направени врз тенки внимателно цепени парчиња хартија, овие откачени и опсесивни дела беа тие коишто први ја создадоа Бојсовата репутација на „визионер во еден разурнат свет“.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)