од (предл.) - минат (прид.)

94. Организираното револуционерно движење во Македонија има знатно подолга историја и започнува всушност уште во 60-тите години од XIX век, коешто изведе и масовни востанија (Разловечкото во 1876 и Кресненското во 1878 год.) што станаа одредници во новата македонска историја, но Мисирков има полно право кога образувањето на најмоќната организирана револуционерна сила во земјата – ТМОРО – ја поврзува непосредно со македонските интелектуалци што учествуваа во тие бегства од Македонија во Белград и во Софија и во акциите особено во Бугарија на самиот почеток на последната деценија од минатиот век.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Споредени со нивните претходници од минатите векови, тие беа помалку грабежливи, помалку наклонети кон луксуз, пожелни за гола власт и, над сѐ, посвесни за она што го прават и порешени да го скршат отпорот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Келнерот донесе и мезе, туршија од минатата година.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Иако во една од минатите Маргини веќе објавивме дел од тоа необично радио-творештво, субверзивната „антилитерарност“ што зрачи од овие „компресирани небулози“ нѐ натера да им се навратиме пак.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Самиот често правеше фотографии со еден НИКОН направен во осумдесет и некоја од минатиот век кој го имаше добиено како подарок од францускиот амбасадор.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Веднаш потоа во свеста му се појавија сите стравотии од минатата ноќ.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Марија душо - ѝ се обрати Клер на својата хиерархиски потчинета колешка - овде во фактурата пристигната од училиштата, цената на ужинките е значително покачена од минатиот месец.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Иако предците му се од Ашкенази од Германија, Елеазар бен Цви е рабин во сефардската синагога Ел кал де лос Монастирлис1 во Њујорк, којашто некаде на почетоците од минатиот, 20 век ја создале имигранти пристигнати на новиот континент од градот Монастир или Битола во балканскиот дел на отоманска Турција.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Кога дојде тука, на крајот од минатата година, неговата влада веќе ги беше донела подготвителните прописи: значи, на 14 јули 1941 година го обезбеди Законот за еднократен данок на еврејските имоти што Константин З. го сметаше за добар пропис зашто само во Скопје им донесе богатство од 45 милиони лева, за жал еднократен прилив; потоа на 4 октомври Законот за забрана на вршење трговска и индустриска дејност на Евреите што не донесе ништо; на 1 ноември со најтешкиот пропис, Законот за заштита на нацијата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Љ. Х. против „Киро Ќучук“ Спор за неисплатени плати и неподмирени придонеси1 Non omne quod licet, honestuum est Не е сè чесно што е дозволено! (Paul. – D. 50, 17, 144 pr)
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Инспекторот на трудот, со решение, ќе го забрани вршењето на работи на работодавачот ако не води, неправилно води или злоупотребува електронско евидентирање на полното работно време и на прекувремената работа (чл. 259, ст.1, ал.4 од ЗРО). 256
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Атмосферата за работа во фирмата почна да се влошува со промената на раководството и сопственоста, во првите години од минатата деценија.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Правта од мансардата зрачеше со топлина зачувана од минатите времиња.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)