од (предл.) - мајкин (прид.)

Тоа беше како никогаш светнато од сите страни. Врз масичката видов вазиче со каранфили од Мајкината градина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Сигурно знам дека многу настани, вистини од мајкиниот живот нема никогаш да ги дознаам, премолчани во нејзиниот јазик, мојот мајчин јазик.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И така, обземен од мајкините и татковите завети, синот се препушта во невидена авантура во непријателски настроената родна земја.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И така, јас повеќе морав да трагам по фрагментите на молкот од Мајкиниот живот отколку по зборовите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тие денови, постојано го одлагав одговорот на едно од мајкините писма, за сметка на овие дипломатски депеши, кои имаа миговно значење, како обичен воден цвет, кои еден ден ќе завршат во архивските гробници Во моите очи оживуваше мајкиниот ракопис, видливо неизменет уште од првите урнеци на првите учители кај француските лазаристи во Солун.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)