од (предл.) - материјален (прид.)

Таа укрепува полагање право на експлицитно перверзна женственост, дефинирана со нејзината изземеност од ќеркинската должност, од честа, од угледот, од семејството, од материјалната зависност, од хетеросексуалната репродуктивност и, најпосле, од биологијата – или, барем, од определеноста што ги претекнува жените поради биолошкото функционирање на нивните тела и неговиот општествен симболизам.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Значи, револтот на Веда кон семејството е револт не само кон неговите вредности туку и кон самите услови и норми на хетеросексуалната женственост.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Го запозна со сите и нагласи дека другаров нема нужда од материјална помош, но ќе треба да се прибере во Организацијата за да се исползува неговото име во општото дело.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Како алтернатива тој ги сугерира „погрешните или залажувачките верувања“ кои произлегуваат „не од интересите на некоја доминантна класа туку од материјалната структура на општеството како целина.“ (Eagleton 1991,30) (3).
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Меѓутоа другите, поуките, на кои козите им го изменија видливо животот на добро, им донесоа мир во куќите, од материјална страна, сакаа и од други причини да го видат татка ми со коза.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Пред некој ден, бев модератор на трибината на тема: „Театарот и притисокот што го трпи од новото време или од материјалната беда“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Тоа се остварува со висока свесност за потребите од материјалното привремено постоење.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)