од (предл.) - лажен (прид.)

Сакам да го потсетам дека е вљубен и дека само вљубените се надарени да шлапаат боси по водите на илузиите, да негуваат во размислите градини од лажни претпоставки и да донесуваат произволни заклучоци.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Во салата влезе командантот на послугата, во свечена униформа, со лице вкочането од лажните зулуфи, приоѓајќи му на професорот Артур.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Пееја химни и псалми во своја чест, следени од литија, попови, и патријарси, од лажни богоугодници и фарисеи.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Зарем секогаш мораше да никне една нова војска (јаничари) која ќе брани еден нов поредок заведен од лажните и обврзни идеали на владејачките елити кои не се ослободуваа лесно на Балканот од деспотската матрица на владеење, убаво и цврсто наследувана од поранешните императори!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Како гледате на постоечката состојба на социологијата? Во својата доминантна форма, социологијата произлезе од лажното ветување дека таа би можела да им помогне на менаџерите на јавниот, економски и политички живот.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Двете големи бирократии во Америка - „ворфер” и „велфер” бирократиите - стоеја зад спектакуларниот развој на емпириската социологија.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)