Се чудеше ден, се чудеше два, па продолжи да си се крсти пред своите стари икони и кандила да пали, криејќи го пламенчето од кодошки очи, ама кога требаше одеше и во џамијата и се клањаше петпати на ден.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Татко не сакаше да го наведува својот пријател да ги отвора длабоките рани во душата од кодошкото време на Голи Оток, но тоа беше за него и еден вид исцелување на големата болка пред верниот пријател во животот: Во животот засекогаш се уверив од искуството на Голи Оток дека нема поголем човеков грев од кодошењето.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Камилски замолчи, во мислите сигурно маршираа кодошите од Голи Оток, од кои мислеше дека е конечно оддалечен засекогаш, но во животот што го живееше на слобода, не можеше да се ослободи од кодошката опсесија дека е и натаму следен, поткажуван.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)