Границите го разделуваат природното од општественото, светото од профаното, материјалното од духовното, дозволеното од забранетото, „нашето“ од „нивното“.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Ќе се жртвувам за нив и нема да каснам од забранетото овошје.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Некакви конци со кои бил врзан за својата неподвижност за железниот кревет (на нив има само стар, глекав душек и измитарено веленце), се инати тој , ослободен дури и од својата тежина, се исправа и по мрак, и самиот од мрак со грутки стврднат мрак во грлото, се обидува да го искрши катинарот на вратата од забранетата одаја и никако не успева.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)