Како и секогаш, врз едното око му лежела густа коса, перче слично на дел од животински опаш.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тоа огледало на разочарувањето ја покажува другата страна на измамувачката природна стварност, светот како таков, бидејќи светот и не е друго освен „лавиринт на измами, невистини и привиди“. *Како најчесто фантастички компониран украс од животински и билни мотиви, гротеската ги декорира античките терми и гробници (grotta = пештера).
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Онисифор Проказник се свртел кон него со строгост на постар иако, како и другиот, не можел да има повеќе од триесет и три или четири години.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Потоа, не распрашувајќи се, ги ослободиле шиите на воловите од животинските окови и ги потерале кон долот покриен со повеќебојно зеленило на грчави дрвца и секакви грмушки.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И се смириле до безгласност зашто Арсо и Цветко прераскажале дека виделе на пат осуммина под пушки и со секакви ножови и кубури во појасите, бездруго арамии или платеници на бегот воденичар.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)