На дневен ред се расправа ребалансот на буџетот, а ја залегнат у дубоката кожна фотелја кликам на новите статуси кои ми пристигаа на фејсбук од државниот лаптоп.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
По окончувањето на спорот во првостепена инстанца, не следуваше иницирање жалбена постапка од незадоволната странка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Професионална гордост. „Ниедна влада нема да дозволи нивните цајканчиња да имаат СИПИ, дури ни тие од државната безбедност.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Бев примен од државниот секретар за надворешни работи во Казбата.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Како што во една држава има државен центар, којшто најдобро е да се наоѓа во средината на државата и кон којшто се собираат сите конци од државниот живот, исто така и во јазиковните или областите од сродни наречја треба да има еден центар, којшто по неговото значење треба да се однесува кон периферните наречја и говори така како што се однесува центарот и престолнината на државата кон крајните окрузи и околии.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Направен беше од државните багери кои работеа на браната.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
- Неписмени курајбери се напикаа по канцеларии и цицаат од државна цицка, а ние останавме со прстот у уста.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Но, трагично во целиов овој случај е тоа што, и покрај постоењето на судска пресуда во нејзина корист, бидејќи во меѓувреме млекарницата од државна се трансформира во приватна сопственост – Ангелеска сè уште, до ден денес, по изминати речиси 14 години, го нема добиено паричниот надоместок кој ѝ е досуден, а коешто побарување веќе е и застарено!?6 ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)