Сепак стариот не сметаше дека е спогодбата заклучена дури не им изнесе на своите квартиранти некои строги прописи од домашниот ред и свои предупредувања од кои најважното беше дека тој нејќе ни да чуе за
нив, и подобро веднаш да си одат, само ако имаат некоја сколободија со власта, било таму од кај што дошле, било овде, кај што се сега.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
И така, чувствувате дека вработениот во Париз постојано живее на тркала, зашто без нив, навистина е невозможно да се пребродат дистанците од домашниот праг до работното место за што некогаш се потребни и часови.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Совршен е неделниот семеен ручек, опиени од домашното црвено вино и вкусот на штотуку испечена штрудла од јаболка, цимет и ванилин шеќер.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Совршени се тие неколку стотици нијанси на жолта боја во рана пролет.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Трагајќи по зборовите кои требаше со присила да исчезнат од домашните речници, по зборовите во кои сѐ уште живуркаше минатото, по зборовите кои требаше да покажат дали минатото на некој начин минува низ сегашноста, дали е сѐ секогаш присутно?
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
За да ја прекинам таа неделотворна занесеност, занесеност што не произведуваше никаква жизнена мисла и никаква реченица што би била запишана како дел од мојата повест, станав и ги ставив во една чинија двете крилца што останаа од пилето кое го купив од домашното производство на Чанета од дуќанот кај мостот.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Тој ја напушти стражарницата и му се врати на езерото без кое не можеше: ги оптегнуваше мрежите на диреците крај куќата, ги чистеше од тревје и алги, шеташе со прстите по нив како по жици од харфа потпевнувајќи си; кога ќе му дојдеше дремката, легнуваше на песокта крај езерото, и додека тоа тивко, како некое жужаленче жужаше на песокта, тој тонеше во длабок сон; спиеше сѐ додека на зајдисонце не му затропаше добитокот што идеше од пасење и навраќаше да се напие вода; а кога ќе легнеше поднапиен, тогаш ни тапани не го будеа; стануваше кога некој од домашните ќе го растресеше.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Нејзе, сега, телеграма од домашните, со честитање за синот, ѝ беше страшно многу потребна.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Сака да види некого. Од домашните.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Ваков да се појави - ни во ученичка ни во војничка униформа, со коси над веѓите не само над ушите, со растропани чизми од изминатите војни и со здебелен глас од домашен тутун?
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Авионот ја допре земјата токму кога дисплејот над седиштето покажуваше дека сме на две илјади и шестотини метри надморска височина и тоа беше уште еден знак дека сме живи и здрави поблизу до ѕвездите а ние веќе си знаевме од домашните политички пароли дека и сонцето е ѕвезда.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Но значајното лице, меѓу другото сосема задоволно, од домашните семејни нежности, сметало дека е пристојно за пријателски односи да има пријателка во другиот дел на градот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
И така, значајното лице се симнало по скалите, седнало во санка и му кажало на кочијашот: „Кај Каролина Ивановна!“, а самото откако раскошно се завиткало во топлиот шинел, ја задржало онаа пријатна положба, од каква што не можеш ни да измислиш подобра за рускиот човек, то ест, кога самиот на ништо не мислиш, а меѓутоа мислите сами влегуваат во главата, една од друга попријатни, не оставајќи ти дури ни таков напор да луташ по нив и да ги бараш.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Јас барем бев слободен од домашна страна.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)