Но и на возачот, кој од селанец станал војник а од војник службеник, колку и да ги менувал воланите од голи до облечени, порадо му се ширеа носниците од комињето на грапата одошто од тафтабитите на вискито и повеќе му се полнеше срцето од шилерот одошто од гемиштот.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Го прерипав потокот и продолжив да чекорам со наводенети петици. Од голата земја пред моите нозе пркнаа неколку еребици оставајќи зад себе скомињав цвркот. Ги снема зад забелот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
На својот пат луѓето бегале од шуми, од голите ридишта не демнеле лутооки арамии со кисел мирис во брадите; неголеми простори на запрложен македонски даб, засолништа на лисици и црногрби свињи, камен и неплодна иловица - патем тоа ги чекало.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Гривест ат! Навистина ли видов бел коњ во тоа благо утро во кое и каменот се рассонуваше или пред моите усвитени црнки трепетеше павлака на треска загнездена во мене на овој пат?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Зашто, тогаш, и резенките на мракот лилаво се испарувале не можејќи да најдат засолниште во корењата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Од голите долини покрај границата со Мексико, преку карпестите кањони и долгите песочни плажи, застрашувачките снежни врвови на Сан Бернардино Маунтинс и шумите исполнети со секвоја и сикамор трис, па плодните плантажи на Вентура, зелените ридови на Санта Барбара, северните карпести заливи и винските брегови на Напа и Сонома...
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Само напати ќе дувне некое ветерче ќе одлета некоја чавка, ќе испишти некоја сојка и ќе ги истресе капките од голите гранки на дрвото.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Кога ќе зачкрташе некоја од голите гранки на дрвото, на Богдана ќе му се пристореше како да е тоа глас на птица, како да се вратила: вртеше со очите нагоре, ја бараше, сѐ дури не виде дека тоа сувата гранка чкртајќи испушта глас како на птица.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)