Комунистичката вера целеше во текот на педесет години целосно да ја избрише религијата од албанската меморија.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Но јас би бил за тоа ние да се ослободиме од османизмите со опасна конотација за иднината на нашите деца, од нашите мајчини јазици, ти од албанскиот, а јас од македонскиот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
На светиот чин од сите страни на земјата, дотрча младо и старо, католици, православни и муслимани, припадници од истиот народ, а имаше и евреи, спасени од албанското население за време на Втората светска војна.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Од зборувањето на албански јазик, ние нешто разбравме – го слушнавме името на улицата што ја бараме и зборовите кафе и чај. Толку разбравме од албанскиот јазик.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
- Мир дита и сивете... си шкојне... мире 35 - беше целото наше богатство од албанскиот речник.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Климент Камилски внимателно слушаше, но не можеше да разбере зошто Татко запре на овој, се разбира интересен, лик од албанската преродба, во времето на Отоманската Османската Империја, но тоа, според него, не беше во врска со нивниот проект.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)