Сопственикот ни наплати само половина од цената - затоа, што не го изедовме!
               
             
           
            
            
              „Патувања“
               од Никола Кирков 
              (1982)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Некои ненапишани песни
 
   
 
   извесно време се по патничките торби
   на пазар, за да се издвојат симболите од цените
   меѓу нераскренатите здолништа
   и мирисите кои исчезнуваат
   меѓу каишите разлабавени како случајни желби
   меѓу знаците за распознавање
   заштитени со поединостите од сонот
   според ноктите, грбот и забите
   според нозете и легенот
   го менуваат описот на младоста
   и се подготвуваат еден ден
   под којзнае кој агол
   и облик
   да се јават
 
   :
               
             
           
            
            
              „Ерато“
               од Катица Ќулавкова 
              (2008)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Така, согласно овој закон правното лице може да врши исплата на следните надоместоци:     •  регрес за годишен одмор (К 15) најмногу во висина на просечната месечна плата по работник исплатена во стопанството за периодот февруари- април 1992 година;     •  отпремнина при заминување во пензија најмногу во висина на трикратен износ од просечната месечна плата по работник исплатена во стопанството за истиот период; 9.  Просечна исплатена нето плата по работник за месец ноември 2009 година според Државниот завод за статистика. 184    •  исхрана на работниците во текот на работата најмногу во висина од 25% од просечната месечна плата по работник исплатена во стопанството за истиот период;    •  дневници за службени патувања во Републиката во висина од 8% од просечната месечна плата по работник исплатена во стопанството за истиот период;    •  дневници за службени патувања во странство во висина на износот утврден со Уредбата која се однесува за органите на управата и    •  надоместок на трошоците за користење сопствен автомобил за службени цели во висина до 25% од цената на литар гориво за соодветното возило по поминат километар (чл. 6 и 7, ЗИПДНД/92).
               
             
           
            
            
              „Обезвреднување на трудот“
               од Савески,  Апасиев,  Ковачевски, Василев 
              (2010)