од (предл.) - царство (имн.)

Потем логотетот се созеде и почна со зборови најгнасни да фрла по сите нас, освен по Лествичникот; рече дека ќе нѐ распушти, дека ќе нѐ прогони од царството, дека имињата ќе ни одземе, прав и пепел дека ќе нѐ стори, дека за опашки од единаесет коњи ќе нѐ врзе и ќе нѐ влече сѐ додека трае животот на коњот, дека главите наши на кол ќе ги надене и на ѕидините од градот ќе ги истакне, како бајраци на срамот и лицемерието, на неверноста кон себеси, како пример за тоа што ќе ја снајде устата што говори она што не говори душата, и тоа пред тронот владетелски, царски!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Ти го донесе, ние го бесевме, се јавил од темницата Пандил Димулев обеспокоен од копнеж да појде во родната планина и зад широкиот појас на смреките да ги собере сите лековити билки од царството на тревите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој скокаше од радост, ги прегрнуваше и Лествичникот и Филозофот, им ветуваше делови од царството, товари азно, а овие збунето се гледаа, оти не очекуваа исход ист во словата, на две различни места најдени.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И потем, на знак од логотетот, чие лице сјаеше од среќа, оти печатот на проклетството веќе беше избришан од царството, Лествичникот го прочита она што го беше отклучил од записот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Јас ви го донесов под таа јамка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)