Западно од хотелот – висококатници.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Не се покајав, зошто плажата од хотелот беше прекрасно место со многу бистра вода за пливање и чиста и мирна плажа.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Сепак, најексклузивни објекти во овој дел на Берлин се Градскиот хотел, кој се извишува со своите 37 ката на повеќе од 120 метри височина и кулата „Фернзехтрум“, која е близу дваипол пати повисока од хотелот.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Само, се разбира, кога имаше специјални гости земаше готвач од хотел.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
По појадокот излеговме од хотелот и тргнавме кон раскрсницата долж морското шеталиште.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
На терасата од хотелот „Аурора“, некогашен дворец на некој австриски или италијански гроф, секоја вечер се танцуваше.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Кога ја отворив вратата, ме пречека насмевка, отсонувана, посакувана, а малото мое се пикна во мене гледајќи во тој убав човек што го изговори моето име со глас на рецепционер од хотел „Белви“.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Се лизга вратата од хотелот и од него полека се извлекуваат - убави, уморени и млади, побелени во ликовите од неспиење, и, со крив чекор на растреперените нозе, брзаат дома да одморат и да се спремат за вечер.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)