Клепаше со очите и не веруваше. Уште повеќе не веруваше дека градот ќе го најде празен.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
И после мечкарите кубеа влакна од мечките и ги продаваа за од уроци, за од почудување.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Е, тогаш дедо ви ќе се загрижи дека сте ги надлетале и облаците и ќе рече дека е крајно време да ве одведе кај бајачката во соседството - за неа сите знаат дека ептен ја бива за баење од уроци, ама и од секакви летања со умот, нарочно над облаците.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Потоа Камилски ги фиксира заемките извици: аферим, аферим, браво (од персиски aferim); ашколсун, синоним на аферим; ишала, ќе даде господ, ако даде господ; јазак, штета, срамота; машала, синоним на аферим, но со повикување на претпазливост и страв од урок; сакан, внимавај...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Не мина многу време, а Камилски пред себе на работната маса беше целиот опкружен со листови испишани зборови, извлечени од бројните речници, немајќи го чувството дека е победник во бојот со хартијата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Да гледаат и напред и назад, рече, да се вардат од уроци.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)