од (предл.) - умрен (имн.)

А за 100 може да си купиш ако се од умрени. Можеби оваа недела умрела некоја шмизла баба!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Понекогаш одеше во трапот кај Дрвото на умрените на кое луѓето бесеа алишта од умрени после секој погреб за покус да не умре друг од куќата, одбираше од алиштата и што ќе му се допаднеше облекуваше.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
понатаму од трските и шеварот гледаше Висар, како жените, по умирањето на некој, ја вадеа сета постела на која спиел умрениот и сета покуќнина со која се служел, да ја мијат на езерото да ја тријат: веленце, мутав, постеќија, сазма, клашник, сакма, џубе, ресичка - удираа со пиралките на нив, фрлаа пепел и катранен сапун, луга и жива сода за да го извадат и очистат од нив и допирот и здивот од умрениот;
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
и тука, слично на овие птици, крештеле, врескале, пискале, југале, фаќале заскитани добичиња ноќе, ги молзеле, им ја пиеле крвта, играле оро околу нив земајќи им го умот, се пикале во оџаците и гнетеле крпи за да им чади на луѓето; тука луѓето сега, на тие трски и шевари, после секој погреб фрлаат од умрениот: кошула, чорапи, капа, антерија, риза, убрус, скутник, шалче, шамија - за покус, за да не повлече умрениот и друг по него од куќата;
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Готови, везени, ткаени, плетени, кистени, од живи од умрени, лели Боца си има да си навре, шо ѝ е гајле? — велеше Тушевата невеста, покажувајќи со прст ,на Бојана.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Од умрен соблечени па јас да и носа — господ да чуа! — одговараше Стана Дојкова.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)