од (предл.) - тетка (имн.)

Вратата е подотоврена, па се гледа само лактот од тетка Анѓа навален на маса.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Стојан и Јован секогаш беа готови. Готови беа и нивните другари, пет од земските сејмени и двајца братучеди на Анѓа – еден од вујко, а друг од тетка.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Зашто сепак, за Зоки најубав подарок остана големиот жолт балон од тетка му.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
„Мамо, што може да се купи со десет динари?“ - праша Благица држејќи ја врз отворената дланка жолтата, нова десетдинарка што ја беше добила од тетка ѝ.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)