од (предл.) - театар (имн.)

Новините се преполнија со известија од театарот на востанието.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Додека беше болна редовно ѝ доаѓаа од театарот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сакам ороспиите да бидат што подалеку од театарот затоа што тие, со своите впечатливи бои, со нагонот за брзо ширење и со цветањето во секое време, можат да го заведат истиот, па потоа, нешто слично како Жан во пиесата на Стриндберг, да остане засекогаш покриен од гнилежот на нивните најситни потреби...
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Во интервјуто вели дека тој и неговата генерација на театарџии со став, бегале од театрите со кои управува државата затоа што тие биле инкубатори на посредни творци, всушност „културњаци“ кои се во заложништво на државата.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Во куќата под Широк Сокак, на неколку минути пешки од театарот, во чикмакот, се наоѓаше куќата на Јовановци.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Ние го држиме главниот влез од театарот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Ја сказал, ја сказал, вели непризнатиот поет што намигнува и трчаме сите заедно кон задниот влез од театарот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се враќаме една вечер од театар и дур’ се свртев, туку ја снема, а бе, не ми веруваш ти, ама ја здувна, аш, исчезна, како да пропадна во земја.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Зениците му беа ненормално широки... [а] во нив имаше некој стаклест сјај [итн.].241 Како класичниот инвертит од медицинскиот дискурс во деветнаесеттиот век, според неговиот прочуен, сатиричен портрет од Мишел Фуко, Пол од тмурниот опис на Катер излегува како „лик – минато, историја на случај и детство, облик на живот; и морфологија, со индискретна анатомија и можеби со мистериозна физиологија“ (тука зборува Фуко, а не Катер).242
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Конкретно, Пол е женскав, хистеричен гиздавец. Зависник е од театар и од музика, иако уметностите не ги разбира вистински; без разлика, склон е кон „необичен занес“ од средовечни сопрани, особено кога се овенчани со круни и кога ги окружува ореол на слава (120).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
На ѕидот од театарот некој со јаглен имаше испишано еден стих од Пиндар: „Човекот е сон на една сенка.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Потоа молчевме сѐ додека не стигнавме до Дунавскиот кеј.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ја однесе да ја гледаат Младата Чехинка, а таа се почувствува горда седната до него во првиот ред од театарот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тој ѝ кажуваше приказни за далечни земји.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)