од (предл.) - татко (имн.)

За разлика од татка, којшто за реалниот живот повеќе учеше од одбраните книги, Чанга го откриваше тој живот низ судирите со него.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Бев шокиран од споменувањето на името на улицата Хане, улицата каде што се наоѓа и денес истражниот затвор во кој и јас бев држен една ноќ, по она недоразбирање околу плаќањето на хотелската сметка, откога во Истанбул дојдов по собирот на писателите во Измир, за да ги земам парите испратени од татко ми преку Сити банк.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Диме расправа што го натерало на печалба. Се одделил од татко му.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Една вечер, со решителниот, силен глас, мајка ми побара од татко ми да ѝ дава редовна сума пари за правење чеиз на девојката.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тој бетер од татко му ќе биде.
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Долго Калчо не можеше да се оддели од татка си...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Дури Тренков и другите организациони дејци, по страшните порази, се откажаа од борбата и од нападнувачка поминаа кон одбранбена борба, Толе си остана верен на својата клетва, дадена уште при напуштањето на кошарката од татка му Трајка во Крушевица, дека ќе се бори и ќе коле, тепа Турци изедници, а и нивни помагачи од која било вера.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На крајот се разбра работата од каде беше: Мајка му на јузбашијата беше била каурка — Гркинка, но беше побегнала за некој си бег во Солун, ама од голем мерак што имале обајцата еден спрема друг, таа успеала да го кандиса да не ја потурчува, што значи тој беше од татко Турчин, а мајка христијанка, која во неговото детинство беше повлијала на неговото воспитание и разбирање за каурите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сето ова беше направило од овој Турчин културен човек, и тој како таков се покажа во Полчишта.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Јас кабул не а чина ни на вој век ни на тој! — заврши Толе лутито и сакаше да излезе, да избега од оваа срамна ропска куќа, но вратите веќе беа фатени — големата од татка му, малата од стрика му.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се раскара со Бешот и другите организациони луѓе, го протепа во Градешница и самиот селски војвода Гулета, ги тевтиши Старавинци, Вешивци, Грунивци што избегаа од Витолиште и ја почна пак арамиската.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Всушност не беше којзнае колку интелигентна, но парите од татко си го сторија своето.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Додека сојот од татко му и сојот од мајка му се спојуваа во еден меѓусој, што беше тој и ништо повеќе и ништо особено.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ване лежи онака како што го остави таа, покриен со старото палто од татко му.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Го земаа коженото палто од татка си и го свртеа наопаку.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
На сѐ беше готов Лествичникот, тогаш Писмородец лажен, само славата од таткото негов да не помине во туѓи раце.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Не бегам од тебе туку од татко ти“, ѝ дофрлила преку рамото божемната роднина.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Ете, произлезе дека е подобро што не сум го знаела татка си, инаку ќе требаше и јас да бегам од него“, го заврши мајка ми со шега тоа спомнување на божемната роднина).
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се загледав внимателно во лицето од татко ми и не знам зошто ми се стори дека во него има некои измени, дека крие од мене нешто.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ако се даде пример од современата француска философија има голема разлика помеѓу Дерида, последниот во долгата линија на синови кои ја оплакуваат долгоочекуваната смрт на татка си, и Иригаре, која се препознава себеси како самохрано сираче несакано од татка си.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Имало години, старите тоа го слушале од татковците, кога по македонскава земјичка чумата собирала цели села и градови, во нив ни дете ни коте не останувало.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќе се налапаат алчниците и ќе се растурат оторбешени, на сите страни носејќи ја на непца и во црева чумата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Секако би бил исмеан од народот што, наместо да ја отплатам крвта од татка ми, земам внука негова од сестра за жена“...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Прифаќајќи го визионерскиот речник на големиот Жан Моне, еден од татковците на модерна Европа со нашето будно око низ парадигматичната логика оставајќи илјадници збиднувања вчера со желба и конструктивно заедничко денес... „Господинот Европа“ - Жан Моне, на стариот континент, Москва, Вашингтон, Токио, Пекинг, Њу Делхи, ги откри патиштата кон трајниот мир лулката на светска цивилизација, потиснувајќи го вечниот полигон, гробница на човечки надежи...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Беше тоа далеку во детството и оној работеше во тајфата од татка му, и го викаа Ристан, и можеше да подигне колку за петмина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А потоа, само четири години по неа, кога и таа наврши двајсет години и кога и таа се посврши, само еден месец по свршувачката, умре и Милјана, како и сестра ѝ, одненадеж. ја закопаа во гробот Миличин, коските Миличини ѝ ги ставија од мишки на Милјана, божем требаше да ги однесе таму, на небо, кај душата нејзина.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кога наврши Милица двајсет години, со одобрување добиено од татка ѝ Ѓорета од затвор, се посврши за некое момче од Прилеп, а само по еден месец по свршувачката, умре, одненадеж.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тогаш нешто скрцка на гредите и мајка рече дека тоа ангелот ја повел душата од татка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ја фатил секирата за рачка и вика: ״назад, не гази ја тревата моја, оти тука пот и пот се леало. И моја пот, и од татка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ги слушам зборовите од татка кој ми го кажуваше тоа уште како дете, пред да нѐ остави за сосема.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А пијавиците откако ќе се нацицаат од крвта, ќе се подујат и ќе паднат на перницата од татка. 38
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Според неговите дела се снимени неколку филмови.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Руски писател, од татко Украинец (благородник) и мајка Русинка.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
До ковчегот, водарник со леѓен за миење и казанче за вода обесено над него со мало славинче; стомна, ѓум, матарка што татко му во свое време ја донесе од на фронт, целата исчукана од влечкање по ровови, а потоа и овде од носење по полето и планината; тепсија на која сјајот ѝ потемнал и ги покрил арапските шари на неа; над водарникот обесено парче огледало како месечинана на погибеж, прекриено со прашина и слепо; на спротивниот крај од креветот, ниска, правоаголна печка со четири нозе од кои едната е окуцана и потпрена со тула, со две тркалца на неа, - гусани обрачи што се вадат при готвење, и целата 'рѓосана; на неа оставено газиено кандилце како на гроб; на дрвената кукалка во ќошето обесена гајдата од татко му, провисната со писката и брмчалото надолу, како обесена овца; останата по смртта негова за да му го чува последниот дуеж во неа, неговата душа.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Потоа Камилски, дополнуван од Татко, се задржа на општопознатите зборови кои се среќаваат кај балканските народи како: мезе, вид предјадење (кое обично оди со предјадење), (потекнува од персискиот збор meze); чорба (од персиски şūrbā); ќуфте (од персиски kūfte); ќевап (од арапски kevap); ѓувеч (од турски güveç); тава, тава-ориз (од турски tava); мусака (од арапски musaka); јанија (од турски jahni), сарма, нешто завиткано (од турски sarma), пача (од персиски pāçe), имамбајалди (од турски imam bayildi); пивтија, пифтија (од персиски pihti); пастрма (од турски pastrma); капама (од турски kapama); пилав, јадење со ориз (од персиски pilv); бирјан, пирјан (од персиски biryān); боранија (од турски borani); бунгур (од турски bungur, bulgur); кешкек (од персиски kekek); кајгана (од турски kaygana); таратор (од турски tarator); туршија (од персиски turşī).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Покрај називите за варени јадења, односно манџите, Камилски се задржа и на големиот број заемки што означуваат разни солени, печени и пржени јадења од тесто, како на пример: универзалната пита (преку грчкото pide), потоа неколкуте заемки за означување разни видови печиво, како на пример: бурек (од турски börek): симид (од арапски simid), ѓеврек (од турски gevrek).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Повикот беше многу јасен и ветувачки, од таткото на новата Република Турција.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Намерата (искажана со невидена мирнотија) е да го реши својот сексуален проблем така што ќе престане да му се згадува сексот со девојките, затоа што со истиот испробан метод престанува да му се гади од татка си, откако ќе појде на чешмата и добро си ги измие рацете... (Што, по ѓаволите?!..)
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Газда Таки знаеше како да ја води работата и беше уште подобар бизнисмен од татка си.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Знаеше да заштеди од џебните пари кои ги добиваше од татка си, па си купуваше списание на српски јазик „Илустрација“ во кое имаше фотографии од последните модни трендови од центарот на модата и уметноста во тоа време – околу 1938мата - Париз, Франција.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Беше свеќар. Занаетот го имаше наследено од татка си кој со турците знаеше добро да преговара, да се пазари и без проблеми од нивна страна да склучува добри зделки со христијанското население во Македонија.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Беше задолжен од таткото на нацијата да го воведе мултипартискиот систем, на начин на кој повторно би доминирала бургибината Дестур партија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
„Имам совет од татко ми за таа работа“, сигурно отцепи Петре, ама и закуца околу игуменот вцрвенет од возбуда.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
24. ИАКО ТИ ГОРЧИ, ТИ РЕЧИ ГО СЛАТКО - црвенее потцртувано и во тестаменти и во други пораки до синот од татко, а всушност е издишка, на душата вентил...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Едниот дел на таванот беше подреден со книги од татко му и предмети што преостанаа од лабораторијата, масиче за читање и пишување, троножно столче, сламена постела за лежење, фенерче обесено на гредата, чоколадни сликичиња на глумци закачени со патенти по гредичињата, големо огледало од подот до покривот, потпрено до еден дирек, кое најмногу и го привлече вниманието на Злата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Со испотената рака уште повеќе ја стега раката од татка си.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
За дотаму ли сум дојдена?...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Најди пари, откупи ме, откупи ме од татко ми!... Не давај ме на друг, Костадине!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Вака, кога Петко ќе стане поп, тој ќе си служи на „неговиот света Илија“ за здравје, за душата од татка му, од деда му Петка, од мајка му Трна, која одамна беше појдена кај мажа си и умрените дечиња, и така ќе ги користи и овие дваесет гроша што му ги плаќаше на поп Спира за секоја служба.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Таа за вторпат застана на спротивната страна од татко си.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сигурно и оно ќе изучи за поп и ќе си го земе занаетот од татка му и селото.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тој беше претставен од татка си како „чорбаџија“ и него имаше да го слушаат аргатите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На прашањето од татка му кај оди толку рано одговори дека има нешто да учи со другарите Лулето, Русета и други, та ќе се соберат" кај Шпира Калешков да им покаже тој како ученик од II одделение.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тој „човек" на којшто не требаше „да му се дери кожата“ ѝ беше поблизок од татко ѝ и таа се стави во негова одбрана против родениот татко како пред неколку дена против мајка си.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Па како црковниот хор од некое село (на пример Скудриње) добил нов свирач на укулеле, кој пак у младоста бил малтретиран од татко му.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Хористите, со и без маски, грабаат од кошарата и танцувајќи по ритамот на блузот, со уживање ги гризат јаболките. таа во кадата или чинот на капењето како ритуална вертикала мојата пријателка ужива во решавањето еротски криенки низ антиката гилгамеш и енгиду ахилеј и патрокло како топли браќа незаситноста на хачепсут само (за) доволноста на хиполит ноншалантно како дома си влегува во неизмерната живост на паганските олимпи го бакнува кастор во левиот полукс во десниот образ со сибила ги претресува најновите пикантерии мислев се работи за умешност научена од библиотеката од таткото универзитетски професор по математика дека едно попладне не видов како се капе како си игра со сапунот по кожата силно возбудувачки сепак наивно така црномурестата египетска божица си играла во нил со младунчето хипопотам миноската голограда девојка со острите рогови на бикот дијана со шумските извори сосема лесно можев да ја префрлам во персеполис атена картагена нинива меѓу бадемовото млеко гулабовите очи јасминовиот цвет сокот од лилјан босонога ќе стапне меѓу нив во насмевката нитрага од исклештениот грч на дојденката најскриените катчиња на висечките градини се отвораат пред неа мокра сфинга сред куќните змии ограбувачите на пирамиди светите писма лавиринтите сиот си се вжештил ми вели не е тоа секс одговарам тоа е мит и влегувам во кадата есента веќе ги пожолти градските улици или фотоапаратот како детектив
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
– „Ете вака, синко Марко, се сторило со Силјана од Мало Коњари; знам оти тебе ти е како лага; арно ама мене ми е навистина, оти од татка ми е прикажана оваа приказна“, вака ми рече татко ми кога ми ја прикажа со прво.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Јас што дојдов овде, штрк, не оти сакав да бидам штрк, ами клетвата од татка и од мајка ме фати, што не ги слушав како врапчињата Сиве и Чуле.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Најпосле, чедо, не знам друго што да ти речам и да те учам отколку што сум чул од татка ми, Бог да ми го прости.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Арно, сега салам поверував оти клетвата од татка и од мајка фаќала, чунки еве мене кај ме фати.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Силјан беше многу гален и од татка и од мајка, чунки од многу синови Божинови само Силјан беше останал жив, та од тоа беше гален многу и беше го ожениле уште на шеснаесет години и на седумнаесетте години му се роди на Силјана едно дете машко, му го викаа Велко.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ѓоре, за разлика од татко ми, бил голем бељаџија.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
„Nevada“, во следната секунда, покажуваше 18:40:15. бројките на рускиот часовник беа големи, светли врз темна основа,па во склоп со металниот ремен, изгледаа некако стабилно.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Така, на пример, ми станува јасно дека: - менувам долна облека со различно темпо: гаќите по два пати на ден, маиците еднаш неделно - подзаборавам некои француски фрази што некогаш солидно ги употребував, па наместо „trois heures moins quart“ велам „deux heures quarantecinque“ - бричењето наутро ми се одолжува на 40 до 45 минути - минатиот понеделник едноставно ми попречи постоењето на борот (засаден во дворот од татко ми на денот на мојата мала матура, пред цели 30 години) и морав да го дадам да се исече, зошто одеднаш паднатите иглички почнаа да ми ги затнуваат одводите за вода на покривот - не можам да догледам 60 насто од театарските претстави и 80 насто од филмовите, а опседнат сум од хорор сцените на ТВ екранот, во кои што ѕиркам до доцна во полноќ со глава пикната под дланките.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Почнал да пуши и тој а ма пари да си купи тутун – нема, а до посака од татка си – тоа било срамота.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Останал синот да расте на рацете од таткото додека на десеттата година не се вратил братот на умрената жена од заточение.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Роден бил некаде Битолското, од татко Турчин и мајка рисјанка што ја грабнал насила некаде Мариовското кога бил таму во потера како турски војник.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Кај Зоки дојде гостин. Едно селанче од некое далечно село, дете на пријателот од татко му. Се викаше Толе.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Или грешам? Добро, пресудите сами.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Козакот станал многу попретпазлив кога слушнал од татко ти оти и тој е од Новодеревјановское.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ништо не измислувам. Отсекогаш знам дека синот не може да се однесува поразлично од татка си.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Едноставно избегнал да ѝ го спомене името на својата убавица.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
ТЕОДОС: Е, е, Арсене, за машки работи машки зборувај, не детински. Уште малку ќе се расплачеш.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
АРСО: Ќе спечалам, ќе ја соберам вересијата и ќе ти ги вратам парите, а лозјето остави ми го, ти се молам, чорбаџи Теодосе, ми е спомен од татко и од дедо.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Едно попладне појдов до чаршијата да го поправам рачниот часовник, подарок од татко ми за матурата.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Од сиот имот што татко му го испродаде кога падна болен, кога немаше од што да живее, ја задржа само оваа мала бавчичка на брегот за да му остави нешто на Грдан кога ќе се врати, да има Грдан спомен од татка си...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ова ми е сѐ што имам од татко ми... И за никакви пари не го продавам.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Читајќи некои книги останати од татко му, велеше: Човекот е најситниот дел на вселената; него вселената го создава и го повела; секое раѓање на човекот се обележува во вселената; каков ќе му биде животот на човека, зависи од времето во кое е роден и од законите што владеат во тоа време: тие му ја одредуваат судбината, здравјето и должината на животот...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Му даде име Скрче, и му ја одбра најдобрата ѕвезда и му претскажа добра судбина: здрав, умен и продолжувач на лозата од татка си. Под таа ѕвезда и растеше Скрче.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- Страшно! - рече таа. - Или трпиш влијанија од татко ти, или си премногу мал за да можеш сѐ да сфатиш.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Бевме седум ученици: на прво место Љакето, тој што кркна тресеница од татка си на свети Никола; Нешко на Мија Метелов од Долно Маало, Ноаче на Дамјана Вржов – се сторија три, па Моне на Тасета Ќутурко- четири, па јас и бате Николче наш (после ќе видите што унер беше со бате Јолета наш) и седма беше Ѕвезда, чупиштето на Павлета Ќорвезирот, како што ја викаа зашто таа само со нас машките се дружеше и наместо да игра со крпчиња и игли, таа барабар со нас делкаше пушки и јатагани.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Дури тогаш го презеде шејот од татко ми.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Да го оживиме името од татко му на Никифор Абазовски.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ми се враќа детето, ми се враќа и презимето Абазовски. Од таткото негов.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ти ветувам за ова, ти ветувам за она, баш си досадија! Кога ќе извлечам ветување од татко ми, мирна ми е душата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Така и тогаш, се ослободив малку од моите стравови.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)