Тоа беше време кога младите, или барем оние млади кои јас ги познавав, живееја во очекување на остварувањето на љубовта, а почетокот на заедничкиот живот веруваа дека ќе биде симнување на рајскиот поредок на земјата, а потоа ги отрезнуваше баналноста на секојдневието кое ги очекуваше, бидејќи секое очекување кое е поголемо од стварноста, како и секоја љубов која е поголема од оние кои се љубени, завршува или со пропаст, или во тривијалност.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Во таа постела, под тој чаршаф уште влажен од страст по кој ритмички набрекнувале и спласнувале две исчувани дојки, чувствував дека полека се разлева и мојата крв.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
А во тоа време љубовта беше нешто што трепери меѓу две души и две тела, време во кое страста беше опишувана како татнеж на вулкан а копнежот како дивеење на ураган, време во кое зборовите „душа“ и „страст“ и „копнеж“ беа изговарани и запишувани толку често, а најмногу од оние чие тело и душа едвај да затрепериле некогаш од страста и копнежот, што станаа излитени како долго носени чевли.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Љубов која се претвора во опсесија, транзгресија на чувствата, фебрилност од страсти кои инсценираат лудило кое трае со години.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Водењето љубов меѓу нив истиснува неверојатен бумеранг од страсти.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Изохронично лудило кое се маскира преку љубовта, или можеби љубов која е спас.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Тие изгледале мудро под црните забратки, очите им биле врели од страст да победуваат. Или само така му се чинело на зашеметениот поп.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
На светот му бил нужен нов ред, некој морал да ја обогати иднината со нови убавини.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)