Сите власти, освен турските и српските и бугарските, па дури и, однадвор, од странство, Германци и Французи, доаѓаа тука и вршеа ископувања.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Софија нема толку хотели за да може да прифати толку голем прилив на гости и туристи од земјата и од странство.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Тие, дојдени од странство, каде што биле поврзани со руски анархисти и нихилисти им импонирале на младите ученици со своите идеи и планови19.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Што вреди кога ми е здосадено од сите нив.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Ништо не ми вреди што се сите од странство, што на моите другарки им се допаѓаат и би сакале да ги имаат, што ме прашуваат каде сум ги купила, па кога ќе кажам од кој град и која земја ми ги донеле мајка ми или татко ми, се воодушевуваат.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Да беше порано, поинаку ќе бев среќна.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Е, кога еден ден, еден од оние твоите „едни денови”, ми ја донесовте од странство, јас се израдував, ама некако беше поминато времето.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Почитуван господине претседателе со госпоѓата, драги црковни и световни власти, ценет дипломатски кору, уважени гости од странство, драги пријатели, државјани и членови на НСК, почитувано општинство.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Младичот извесно време ѝ пишувал од странство, ѝ ветувал убав живот таму, но пишувал сѐ поретко и поретко додека сосема не престанал да се огласува и од дотогашната и од некои нови адреси.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Еве, сѐ повеќе луѓе се интересирале за неговото сликање, а тој не отвора изложби секој ден; доаѓаат луѓе и од странство, бизнисмени, мецени, имбецили, можеби некој ќе се заинтересира и за него, ќе посака да му наѕре во ателјето што слика, може нешто и да купи, тие се парајлии, што е за нив некоја илјада долари или марки?
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)