И во средето на светот столб златен видов, столб што се извишува во висина на човек, во резби раскошни, од рака нечовечка сочинети, со какви што ниеден свешник на лицето на земјата не е украсен; и на врвот од столбот – плоча златна, четириаголна; и на неа – Книга во папокот на светот, чаша со питие небесно, Слово Господово!
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И веќе се на железниот мост. Сребреното платно на реката се расчеснува од столбовите што го крепат мостот.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)