Сѐ што душичката му виде на Трајан, сѐ што му помина преку главата, само тој и коњот го знаат: и шлаканиците од старешините, и мајката и шајката што му ја караа, и душичката в нос што му идеше на тешките вежби и маневри - сето тоа, тој, кутриот коњ, го плаќаше: сиот бес и лутина на него го истураше.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
И сѐ тоа само затоа, некој од старешините да не се уплаши од најлошото па да не ја прекине починката.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)