од (предл.) - среќа (имн.)

Кога ќе си спомнеше на вечноста најмалото пердувче му затреперуваше од среќа и тогаш белиот какаду ќе крикнеше бело среде ливадата на самоубиственото молчење.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Сакаше со нив да го сподели расположението од среќата од последното читање кое не можеше да допре до неговите пријатели...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко и Камилски како да славеа пред да бидат среќни, пред да слават победа во замислената мисија, свесни дека дури и некаква фаталистичка сила би можела да ги оттргне од среќата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во главата сѐ така им ечеше божјата музика што со ребрата ја свиреа селаните поцрнети од среќа.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Лицата им ги красеа широки насмевки, нишки од среќа им висеа по образите и знаменца од радости над главите им се вееја, стихови лееја, песни пееја.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
- Денко, Денко, што ти стана? - Спасивме еден живот, Бојанчо! Ќе поулавам од среќа.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тоа голта млеко, а јас подголтнувам од среќа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На газ ќе падне од среќа, му велам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе оздрави, ќе оздрави! - бев пресреќен, проклет да бидам, изулавев од среќа, викнав: - Ќе оздрави!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
- И ќе ме запросите ли? – исцеди куклиното грлце натопено од среќа – О, колку ви благодарам што ќе го сторите тоа и ќе ме понесете со Вас на вашиот далечен југ!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Стреперил, занемел од среќа.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Останал и обичајот рози да паѓаат од небото, кога се раѓа убавината.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
И небото да плаче од среќа и со солзи да ја полива тревата.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Козаци во долги црни долами заскитани по рѓосаните штипски ридишта танцуваа смртни игри врз испотените плеќи на неоседланите коњи Но не од радост И не од среќа И тоа е пијанство.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Впрочем и млакиот допир на тагата е пијанство И твоите зборови исправени пред ѕидот на срамот И раката што ни мавта преку водите е пијанство И разбудените мравки на надежта растрчани од заборавените гнезда За да нѐ пресретнат Само за да нѐ пресретнат се пијанство И не прашувај дали среќата танцува И какви се нејзините чекори Времето ќе го престигне неоседланиот коњ и ќе го впрегне во колата на животот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Васј, не симнувај ме од среќата“, молеше тој, а јас, збунета од неговите зборови или од неговата чудна неприсутност, ги расчеречував очите, гледав околу него, се напнував да го видам она што тој можеби навистина го гледа, а таму ништо освен ништото.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Оти има денови чиешто сонце пред да помине над нас се распрснува како жито и како зрнесто благо над главите на сватовите И грдо е тогаш со поглед заводлив да гледаш во невестата Додека среќата во нејзините очи танцува.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ги мијам со водата од оман, од петопрас, од копиден, од смил, од млечки, од ајдучка трева и наваличе, тики од потканатица, од прешлига, од среќа, од троска и од придавка, од трева кромидарница, и од краварига, од боливач и од наѓезмо.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)