од (предл.) - списание (имн.)

Камилски ќе му ги прочита овие зборови од студијата на Татко, подарувајќи му еден број од списанието за да ја прочита целосно.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
За момент - и следејќи ја логиката на јавен собир и потребата од понепосредна „легитимизација“, но пред сѐ држејќи се до „трамбулинскиот начин на мислење“ кадешто секоја претходна мисла се одбива од претходната според принципот на трамбулина, „настојувајќи да биде во ортогонална проекција во однос на претходната мисла“ - дополнително ќе се „идентифицирам“ како уредник на списанието за ширење на децентралистичка култура (и за сурфирање по рабови), Маргина, и како човек од списанието за стрип, Лифт.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
- Како не ви е срам, голи жени гледате, а? - свика Анета, и божем тоа не ја интересира, ја сврти главата, ама кришум погледнуваше во сликите од списанието.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)