Дошол дома и таман та жената негова станала од спиење, сабајлето: - Жено - рече - давај, земај една вреќа - рече - дај ми една вреќа мене, една земи ти и ела вамо со мене!
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Се запре пред огледалото и кога го виде својот лик, со потечени очи од спиење, со расчорлена коса траги од мармалад околу устата, останати од синоќа го исплази јазикот и му се искриви на својот лик.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Страотна ноќ... ... Некаде по полноќ, од спиењето ги разбудиле пукотници од пушки.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Ти играш оро? МАТЕЈ: Не Рокенрол. (Пауза) Марк не знае рокенрол. (Пауза) (Се отвора вратата централно, излегува Мира. Во пиџами. Штотуку станала од спиење. Седнува на софата. Пауза.)
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Така го вкусуваше сонот со сета своја сласт, подготвена да стане од спиење и веднаш да се вклучи во активностите на денот, планирани во ноќта во текот на спиењето.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Во разденуање, коа станал големио брат од спиење, зела таа да му дава да цица и го нашла ѓоа заклано детето.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Спискала од навала да плачи и да 'а колни золва си што је идело од уста.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Станал од спиење Велко и си го грабна Силјан в раце, та си го измилувал и слатко си го целивал.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)