од (предл.) - сочувство (имн.)

Некој од нив, воден од сочувство, одлучи да му помогне на Акакиј Акакиевич барем со добар совет, велејќи му дека тој не би пошол кај реонскиот началник, зашто може да се случи реонскиот, сакајќи да заслужи пофалба од претпоставените, и да го пронајде на некој начин шинелот, тогаш шинелот сепак ќе остане во полицијата, ако тој не им достави законски докази дека шинелот му припаѓа нему; туку дека е најдобро тој да му се обрати на едно значајно лице, дека значајното лице, откако ќе испрати писмо и ќе се поврзе со оној со којшто треба, може да направи работата да тргне поуспешно.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Од сочувства, од семејство, надеж, нов филм и роман како тој што сака, самостојно, слободно, слободоумно, самиот креира.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Тие денови на големо гледање и мислење, што го гледаше и милеше Брчалото, некои од брезничаните, губејќи трпение, додека тој седеше во зелениот пластичен стол замислено загледан во Тумбица, но од сочувство за неговите маки, ќе му речеа: „Уште ли не можеш да го најдеш тоа што го бараш?“
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Раката потклекна, и сфатив дека не можам да убијам ни од сочувство, а камоли од омраза!
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)