од (предл.) - содржина (имн.)

Мајка со последните сили ги довршуваше преостанатите работи на денот, кои ја чекаа само неа, и се предаваше на лека дремка, во која сонот беше разблажен од содржината на разговорот на Татко и побратимот на чардакот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Сега се прашувам како воопшто сум можела да очекувам мајка ми да се воодушеви од содржината на тој роман!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Покрај ова, согласно воведувањето на концептот „бруто-плата“, со измената од 2008 зборот „нето“ е избришан од содржината на законот (чл. 4).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Се зачудив од содржината на книгите која делуваше интересно, а за мене во минатото правото беше шаблон за нешто многу тешко и многу научно.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Се сеќавам, на крајот од претстава што беше дел од содржината на еден театарски фестивал, актерот што седеше до мене во публиката, изреагира бурно токму во мигот кога еден од актерите наредени на сцената како пред стрелачки вод, почна да аплаудира.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Сѐ зависеше од содржината на старите дефтери од битолскиот вакаф.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)